Охрид некогаш беше познат по своите 365 цркви, по една за секој ден од годината, и беше опишан како македонски Ерусалим. До сега се сочувани многу живописни куќи и споменици, а туризмот е главен економски сектор.
Новиот, модерен Охрид заедно со стариот дел на градот чини една целина, представувајќи врска меѓу минатото и иднината. Стариот град е добро сочувана тврдина, во неа постојат многу културни и историски споменици, кои ги привлекуваат погледите на туристите. Хотели и ресторани се на секој агол.
Богатата историја на градот и културното наследство беа прогласени во 1980. години на наследство под заштита на УНЕСКО. Охрид е несомнено бисер на Македонија. Вгнезден меѓу високите планини од 2.800 м и Охридското Езеро, се карактеризира не само со величенствена историја, но и со посебни природни убавини.
Охрид е домаќин на бројни културни настани, како што се : Балкански фолклорен фестивал, Охридскиот пливачки маратон, Охридско лето и многу други.
|